Почнува „Д фестивал“ во Дојран

17.07.2015 13:54

На феставалот доаѓаат големи имиња, како култниот Ману Чао, Електрични оргазам, домашните Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна... На трите фестивалски сцени ќе настапат повеќе од 30 артисти и бендови, а угостителите очекуваат солидна заработка...

Вечер почнува „Д фестивал“ во Дојран. Организаторите најавуваат најмалку десетпати поголема посетеност во однос на лани и значително зголемен број туристи. Капацитетите се целосно исполнети, и со домашни и со странски гости.

На феставалот доаѓаат големи имиња, како култниот Ману Чао, Електрични оргазам, домашните Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна... На трите фестивалски сцени ќе настапат повеќе од 30 артисти и бендови, а угостителите очекуваат солидна заработка.

Фестивалскиот камп почнува попладнево, а главната сцена ќе биде отворена од 19 часот. Тридневните влезници од денеска можат да се набават за 800 денари. Дневните билети ќе чинат 350 денари (за петок и сабота), додека цената за недела е 450 денари.