Приходите во буџетот повисоки за 14%

17.07.2015 14:10

Сите финансиските параметри покажуваат дека државната каса во првата половина од годинава е во добра кондиција...

Проходите во државната каса натфрлиле за 14% процнти за првите шест месеци од годинава, во споредба со истиот период лани. За 6%, пак се прибрани пари повеќе од планираното. Сите финансиските параметри покажуваат дека државната каса во првата половина од годинава е во добра кондиција.

Владата вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2015-та. Министерот за финансии, Зоран Ставрески соопшти дека станува збор за измена која не е голема по обем и која вклучува поместување на позициите таму каде политиките, мерките и проектите тоа го налагаат. Вели дека не се кратат парите кај ниту еден буџетски корисник.

„Приходите се појаки и поголеми отколку палнираните, а тоа создаде една добра ситуација во смисла дека буџетот е во добра финансиска кондиција и ребалансот се прави од една таква појдовна основа. Со тоа практично направениот ребаланс не вклучува кратење на буџетите на ниту еден буџетски корисник, туку има поместување во одредени позиции, каде поради одредени политики, мерки, активности, треба да се додадат средства или каде проектите се одвиваат подобро од каде што првично сме планирале“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Бруто домашниот производ за година е ревидиран на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП.