Рамазан Бајрам: МТВ на гости кај семејството Суљимани

17.07.2015 15:05

Почитување на традицијата, но и силна вера во Бога. На Рамазан Бајрам, екипата на МТВ на гости кај семејството Суљимани...

Топло добредојде за екипата на МТВ во домот на семејството Сулимани. Овде, од рано утро се прославува Рамазан Бајрам, празникот со кој се заокружува светиот месец.

Се чини дека најмладите се најсреќни на Бајрам. Слично како и христијанската коледарска традиција, така и во исламскиот свет, најмладите со песна го честитаат празникот и добиваат ситни парички и бонбони.

Со Бајрам завршува едномесечниот пост, кој освен воздржување од храна и вода, значи игнорирање на лошите мисли и духовно прочистување. Семејствата се собираат на заедничка софра.

Празникот се прославува три дена. Во овој период верниците одат на гости еден кај друг и си го честитаат Бајрам.

Анита Димитријевска