Дел од плажите на охридското крајбрежје немаат спасители
Од почетокот на сезоната спасителите на вода на Охридското Езеро извршиле 11 успешни интервенции на спасување на давеници. Сепак дел од концесионерите сеуште не ги обележуваат плажите и не ангажираат спасители на вода сакајќи да заштедат, со што предизвикуваат опасност за капачите...

Иако измина една третина од летната сезона дванаесеттина плажи на охридското крајбрежје кои се издадени под концесија сеуште се необележани и немаат ангажирано спасители на вода. Согласно законската регулатива капалиштата кои немаат воспоставено безбедносни системи се небезбедни за капење, спорт и рекреација.
„Уште потрагично е тоа што нашите служби извршија увид на состојбата на охридско-стушкото крајбрежје на 6 јули и ги информираа сите надлежни служби во државата, од министерството за транспорт и врски до локалната самоуправа, сите оние кои имаат надлежност да влијаат на концесионерите,а се користи плажа да се воспостават безбедносни критериуми“, изјави Сашо Точков, претседател на Црвен Крст- Охрид.
До 15-ти јули спасителите на вода имаа 11 успешни интервенции на извлекување на давеници и преку 80 укажувања на прва помош. Тоа е во рамките на просекот, бидеќи лани имало 34 интервенции на спасување на давеници, а прва помош им била укажана на над 400 лица.
„Имам забележано дека не внимаваат многу и не ги почитуваат правилата и начелата од страна на спасителите, кои им ги кажуваме“, вели Марио Наумоски-спасител на вода.
Во рамките на соработката со Операција „Флоријан“ од Англија, спасувачите на вода и годинава ги усовршуваа своите знаења. За прв пат во Македонија беа обучени спасители и тренери на брзи води, кои своите искуства ќе им ги пренесат на своите колеги во земјата.
Сашо Нелоски
