Топлотен бран: Да се почитуваат препораките на лекарите
Топлотен бран во Македонија. Викендов се очекуваат температури и над 40 степени. Лекарите од итната медицинска помош очекуваат зголемен обем на работа. Апелираат да се почитуваат препораките и, ако нема потреба, да не се излегува на сонце...

Топлотен бран со температурa над 40 –от степен и висок УВ степен на зрачење. Македонија од понеделник влегува во портокалова алертна фаза. Жешкото време ги зголеми повиците во итната медицинска помош. Лекарите велат дека на удар се старите лица и хронично болните. Апелираат редовно да се зема пропишаната терапија и да се пијат многу течности.
„Граѓаните да внимаваат во кој период од денот излегуваат, да не излегуваат без некоја причина во период до 10 до 17 часот, кога температурите се највисоки и зрачењето е највисоко, односно УВ индексот“, вели примариус д-р Василаки Карабашев.
Викендов топло време, а од понеделник пеколни горештини. Од УХМР велат мало заладување ќе има од среда.
„Од средината на наредната недела ќе има благ пад на температурата, меѓутоа претежно стабилно и суво време. Сеуште остануваат условите за краткотрајни врнежи од дожд, ретки грмежи на планинските предели“, изјави Душанка Танушевска од УХМР.
Едвај некој може да ги издржи летните горештини. Метрополата остана празна, граѓаните спасот го побараа во некои од туристичките места.
Жешкото време ги испразни улиците и кафулињата низ метрополата, а продолжениот викенд ги натера граѓамните спас од топлото време да побараат некаде низ Македонија или во соседството, каде што ќе можат да се искапат.
И оние малкумина кои ги регистрираше камерата на МТВ, засолнати под дебела сенка.
Лекарите предупредуваат. Од климатизирани простории надвор да се излегува внимателно и постепено, да нема големи температурни разлики, бидејќи се доведуваат во ризик да колабираат.
Александра Перевска
