Исплатени 52 милиони денари за штетите од поплавите, следната недела уште 8 милиони
Станува збор за 1.377 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и од Кривогаштани...

Владата досега исплати 52 милиони денари за отштета на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава. Станува збор за 1.377 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и од Кривогаштани.
Следната недела на уште 323 лица од овие општини со одлука на Владата ќе им бидат исплатени 8 милиони денари. Бирото за судски вештачења работи на проценка на штетите и во останатите општини погодени од поплавите.
Владата на РМ донесе одлука за 100-отстотно обештетување на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава. Освен штетите на граѓаните ќе се издвојат средства и за покривање на штетите настанати на локалната инфраструктура во општините зафатени од поплавите.
