Питачењето и туризмот не одат заедно

20.07.2015 10:17

Во Струга и во Охрид, питањето претставува горлив проблем, посебно во летниот период, порадфи големиот број туристи. На посебен ризик се изложени децата-питачи, кои се организирани од еден ист центар...

Питачењето во Струга и Охрид во летниот период претставува голем проблем со оглед дека питачи од целата држава доаѓаат во овие два града. Но, уште поголем проблем претставува питачењето на деца кои работат за своите родители или во полош случај за трети лици.

Минатата година кога се донесе Законот за заштита на овие деца, по улиците низ целата држава, беа пронајдени и згрижени 116 деца. Според невладините организации ова претставува лоша слика за туристичките места.

Задолжителни лекарски прегледи, надзор и совети за родителство, времено одземање на детето од родителот, покренување постапка за одземање родителско право  и кривична пријава за злоупотреба и занемарување на родителско право, предвидуваат измените на Законот за семејство, кои имаат за цел да се заштитат децата од злоупотреба и од принудување на питачење.

 

Јованчо Наумоски