Високи температури, УВ индекс 9

20.07.2015 10:38

Без потреба да не се излегува на сонце во најтоплиот период од денот од 10-17 часот, а доколку е неопходно да се носи лесна облека, очила и капа...

Неделава не очекуваат високи температури, околу 40-тиот степен целзиусов. УВ индексот на зрачење, исто така ќе биде висок – 9. Високите температури негативно може да се одразат на здравјето на луѓето, оттаму надлежните институции предупредуваат на крајна внимателност.

Без потреба да не се излегува на сонце во најтоплиот период од денот од 10-17 часот, а доколку е неопходно да се носи лесна облека, очила и капа.

Да се консумира лесна храна и да се внесуваат многу течности, особено вода. Хроничните болни редовно да ја примаат својата терапија и да се консултираат со матичниот лекар.