УЈП затвори осум угоститлески објекти
УЈП претходно најави дека поради зголемениот обем на работа ќе врши засилени контроли во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и даночен ризик...

Во акцијата на Управата за јавни приходи во Охрид спроведена викендов, откриени се неправилности во работењето кај 8 угостителски објекти. Ним им биле изречени глоби и мерка за времено затворање во период од 15 дена, поради неиздавање фискални сметки.
Дополнително кај уште два деловни субјекта било утврдено дека се продаваат алкохолни пијалаци без бандероли.
УЈП претходно најави дека поради зголемениот обем на работа ќе врши засилени контроли во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и даночен ризик кај одредени дејности кои се особено активни во екот на туристичката сезона.
Инаку синоќа, УЈП спроведе контрола во Битола, при што во еден угостителски објект бил откриен сомнителен алкохол без бандероли, кој се служел на гостите.
За случајот биле известени мобилните царински служби.
