Грчките банки од денеска повторно работат
20.07.2015 10:43
И понатаму ќе важи лимитот за подигнување пари од 60 евра дневно и 420 евра на неделно ниво, а ќе биде спроведена и контрола на капиталот...

По три недели, грчките банки од денеска треба повторно да бидат отворени, но и понатаму ќе важи лимитот за подигнување пари од 60 евра дневно и 420 евра на неделно ниво, а ќе биде спроведена и контрола на капиталот.
Тринеделниот прекин во работата на банките може да ја чини државата дури три милијарди евра, не сметајќи ги неостварените приходи од туризмот.
Грција денеска треба да ги претстави и првите предлози за модернизација на администрацијата, а во сила ќе стапи и зголеменото ДДВ, што беше еден од условите од кредиторите пред да почнат преговорите за новиот спасувачки план.
