САД и Куба официјално ги обновуваат дипломатските односи

20.07.2015 10:44

Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез денеска ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон, по што ќе одржи средба со американскиот државен секретар Џон Кери...

САД и Куба денеска официјално ги обновуваат дипломатските односи, прекинати пред 54 години. Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез денеска ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон, по што ќе одржи средба со американскиот државен секретар Џон Кери. 

Во американскиот Стејт Департмент, исто така, ќе биде поставено кубанското знаме меѓу знамињата на земјите со кои САД имаат дипломатски односи.