Скопско лето: Изложба на фотографии од Македонија и од Израел

20.07.2015 10:59

Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји...

Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ ќе биде отворена вечер на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето. 
 
Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји.
 
Како што велат организаторите, во овој проект на културна соработка меѓу Израел и Македонија, Благоевски и Харт преку своите фотографии сакаат да ја поврзат вековната историја и сегашноста на Израел видена преку нивните објективи.