Во Јужна Кореја, Мерсот е под контрола
20.07.2015 11:21
Во последниве две недели немало пријави за нови случаи од болеста позната како нилска треска, од која во Јужна Кореја до сега починаа 36 лица...

Болниците во Сеул во кои се појави фаталната зараза од вирусот МЕРС од денеска се враќаат во нормална работна состојба.
Во последниве две недели немало пријави за нови случаи од болеста позната како нилска треска, од која во Јужна Кореја до сега починаа 36 лица.
Мерсот предизвика околу 6 илјади лица да бидат ставени во карантин, а вкупниот број на заболени се искачи до 222 лица.
