Се реновираат скопските училишта
Проверката на квалитетното работење на градежниците, на самото место ја направи градоначалникот Трајановски, на еден од покривите на училиштата...

Градот Скопје работи на обновата на девет средношколски установи, за што летово се издвоени 31 милион денари. Проверката на квалитетното работење на градежниците, на самото место ја направи градоначалникот Трајановски, на еден од покривите на училиштата.
Градежните работи кои се во тек во овие 9 училиште треба да завршат до почетокот на новата учебна година. Во текот на изминатите години, односно од 2009 година до 2015 година, Градот Скопје за реконструкција и санација на средните училишта од Буџетот има издвоено околу 226 милиони денари, и со тоа придонесовме за подобрување на условите за работа и на учениците и на наставниот кадар – истакна градоначалникот Коце Трајановски.
