Жерновски ќе пушти инспекции во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
20.07.2015 13:23
Инспекциите, како што најави градоначалникот Жерновски, ќе имаат рок од една недела да го направат извештајот...

Општина Центар ќе испрати барање до државниот градежен инспектор и до градот Скопје за да извршат увид во новоизграденото седиште на ВМРО-ДПМНЕ за да се утврди дали терасата на објектот е дивоградба.
Инспекциите, како што најави градоначалникот Жерновски, ќе имаат рок од една недела да го направат извештајот, во спротивно општината ќе ја урне дивоградбата од објектот.
Анита Димитријевска
