Реконструирани домовите на култура во Ајватовци и Бунарџик
Во присуство на поголем број граѓани, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски на свечен начин ги предадоа во употреба реконструираните домови на култура...

Обновени Домовите на културата во скопските села Ајватовци и Бунарџик. Во присуство на поголем број граѓани, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски на свечен начин ги предадоа во употреба реконструираните домови на култура.
Комплетната реконструкцијата на домот на култура „Ајватовци“ со површина од 120 метри квадратни и домот на култура „Бунарџик“ со површина од 103 метри квадратни, како дел од проектот „Изградба и реконструкција на 10 Домови на култура“, чинеше нешто повеќе од 2,1 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
Како дел од овој проект со кој е опфатена изградба, реконструкција, санација и опремување на 10 Домови на културата, изграден е и комплетно опремен Домот на култура „Илинден“, кој стана центар на културните збиднувања во Општина Илинден, а досега комплетно се реконструирани и опремени и домовите на култура „Кадино“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бујковци“, „Текија“ и „Дељадровци“.
Со реализацијата на Проектот „Изградба, реконструкција и опремување на 10 Домови на културата“ се придонесе за повторно функционирање на овие објекти каде што можат да се организираат настани од областа на културата, а граѓаните, месните заедници, здруженијата на пензионери, здруженијата на жени, на младинци, спортски друштва имаат одлични услови за меѓусебно дружење и организирање на средби и состаноци.
