Железничката станица во Скопје со нов лик за четири месеци
Проектот за модернизација на скопската Железничка станица чини 2,4 милиони евра. 85 насто од средствата се од претпристапните фондови, а останатите 15 се од државната каса...

За четири месеци целосно ќе биде обновена Железничката станица во Скопје, а нов лик ќе добијат и железничките постојки од Коридорот 10. Проектот за модернизација на скопската Железничка станица чини 2,4 милиони евра. 85 насто од средствата се од претпристапните фондови, а останатите 15 се од државната каса.
„Ефективно се работи на објектот, постојано има дополнителни работници и очекувам дека за три-четири месеци комплетно ќе биде рехабилитирана Железничката станица“, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешниот увид на градежните работи.
Според директорот на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани, голем дел од работите се во завршна фаза. Два перона се целосно направени, се работи на третиот перон, лифтовите се 90 проценти завршени. Дел од санитарните јазли, на северната страна, се 100 проценти завршени, а во другите делови 90 проценти. Се работи и на електричните и климатизациските инсталации кои се завршени околу 80 проценти, изјави Асани.
