Селфи стаповите масовно се забрануваат во музеи, паркови, стадиони...
Употребата на стаповите за мобилони телефони кои се користат за да се фати подобар кадар, ги забрани и најголемиот европски забавен парк - „Европа парк“ во Германија, бидејќи претставуваат безбедносен ризик...

Се повеќе музеи, забавни паркови и спортски стадиони ја забрануваат употребата на селфи стаповите верувајќи дека претставуваат ризик за безбедноста.
Од тие причини, на пример, организаторите на годинешниот тениски турнир во Вимблдон селфи стаповите ги сместија во истата група со ножевите, солзавецот и другите опасни реквизити.
Употребата на стаповите за мобилони телефони кои се користат за да се фати подобар кадар, ги забрани и најголемиот европски забавен парк - „Европа парк“ во Германија, бидејќи претставуваат безбедносен ризик.
Ги забрани и американскиот институт „Смитсонијан“, а истото го направија и големите музеи во Бостон, Њујорк и Лос Анџелес.