Со субвенции до нови работни места за ранливите категории граѓани

20.07.2015 16:52

До крајот на годинава трае огласот за субвенционирано вработување на граѓани од ранливите категории. Ќе посетуваат тримесечна обука, да се стекнат со вештини за полесно извршување на работните задачи. Работодавачите што ќе ги задржат на работа добиваат буџетски средства за плата и шест месеци за придонеси. Имаат обврска да ги задржат на работа најмалку една година...

Со шестмесечна субвенција до работно место за ранливите категории граѓани. Од државната каса месечно ќе се издвојуваат по 22.000 денари за работодавачите  што ќе ангажираат работник, со обврска да го задржат уште шест месеци. За вработување лица  со пониски квалификации, 14.900 денари финансиска поддршка, за вработените кои извршуваат покомплексни работни задачи- 17 илјади.

Мерките се креирани до работна позиција да дојдат лицата што потешко се вклучуваат на пазарот на работна сила. Огласот трае во континуитет до крајот на годинава. Работодавачите може да го наведат и лицето што сакаат да го вработат, а припаѓа на категориите наведени во условите. Согласно со профилот што го бараат, и Агенцијата може да понуди профили на кадри, дел од списокот на активни баратели на работа.

 

Викторија Милевска