Муцунски: Граѓаните сакаат конкретна програма
„Секоја изборна програма е добра ако во неа има конкретни проекти на зацртани рокови“, смета аналитичарот Тимчо Муцунски. Вели дека економијата била на удар од политичката криза, но проектите не биле запрени...

Граѓаните знаат да препознаат која политичка опција работи во нивни интерес, кога има конкретна програма кон подобрување на животниот стандард- вели аналитичарот Тимчо Муцунски. За него не изненадува фактот што во многу изборни циклуси граѓаните ја дале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека во тоа се темели и оптимизмот на премиерот Груевски за победа на престојните избори.
„Се работи за конкретна програма со зацртани рокови која граѓаните ја прифаќаат, имаме реализација, ја гледаме на дело преку разните технолошко-индустриски развојни зони. Радува и фактот што ВМРО-ДПМНЕ не дејствува само врз таа програма туку се утврдуваат недостатоци во системот и се дејствува“, смета аналитичарот Тимчо Муцунски.
Граѓаните знаат да проценат која партија работи во нивни интерес за подобар живот, но и за стратешките интереси како што се евроатланските интеграции..
„Секоја добра изборна програма е добра доколку во нејзе имаме конкретни проекти на зацртани рокови, што го гледаме кај ВМРО-ДПМНЕ.Не е поентата да се дејствува како што досега правеше опозицијата со програми кои што се апстракни и кој ветуваат подобрување на економија, на демократија, но не му идат конкретно. Граѓаните се навикнати и сакаат да видат работи кои се во нивни интерес на подолг рок. Можеби е задоцнето“, вели Муцунски.
Муцунски смета дека економијата била на удар од политичката криза, но проектите не биле запрени.
Наташа Гркова- Петрушевска
