Со премиера на „Антоние и Клеопатра“ почнува битолскиот Шекспир фестивал
Со најновата премиера на битолскиот театар „Антоние и Клеопатра“ в среда се отвара третиот по ред Шекспир фестивал во рамките на „Битфест“. На седумдневниот фестивал ќе бидат изведени шест Шекспирови дела од реномирани театри на пет земји од светот...

Доаѓа времето кога на „Битфест“ ќе доминираат театарските претстави кој го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир. В среда започнува третиот битолски „Шекспир вестивал“. На отворањето најновата премиера на битолскиот ансабал „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондел. На претставата која го опишува изчезнувањето на една цела империја работевме подолг период и мислам дека создадовме едно дело кое истовремено е класично, но и доста современо, вели режисерот Блондел.
„Се фокусиравме на неколку приказни од големото епско шекспирово дело секако дека најважното е проказната за Антоние и Клеопатра но секако има место и за големите Октавије и Цезар“, вели режисерот Џон Блондел.
Големо епско дело кое е предизвик за секој од осумчлената актерска екипа посебно за они што ги толкуваат главните ликови. Тоа се ролји кои кои посебно се бележат во актерската кариера.
„Затоа што Клеопатра е непредвидлива, таа е жена заводничка. Клеопатра е моќна кралица, а од друга страна блиска со народот- еден комплексен лик кој не секогаш имате шанса да го играте“, вели актерката Валентина Грамосли. „Најважно е деека уживаме во она што го превиме и мислам тоа ќе допре до вас и уште во првата минута од претставата ќе го срушиме тој ѕид“, вели актерот Петар Горко.
Новина на годинешново издание на кое ќе настапат пет театарси куќи од светот е воведувањето на секојдневна работилница која под раководство на шекспирологот Рандел Мартин, ќе создаде нов драмски текст од сонетите на Шекспир.
„Тоа ке биде дело кое во соработка со театарската компанија Литминд од Санта Барбара ќе се создава заедно и ќе има заеднички настапи тука и таму“, вели директорот на битолскиот театар Благој Мицевски.
Освен копродукциската соработка за битолскиот фестивал важно е што веќе станува инспирација и за земјите од Балканот. Ваквото вмрежување е еднствениот начин квалитетот да оди во нагорна линија, а во Битола и опкружувањето да доаѓаат светски познатите театри кои го негуваат шекспировото творештво.
Стевче Митрески
