Совет на ЕУ: Македонија е подготвена за втората фаза од Договорот за асоцијација и стабилизација
Македонија е подготвена за втората фаза од Договорот за асоцијација и стабилизација – заклучи Советот на Европската Унија. Договорот од 15 – ти април што стави крај на политичката криза во Македонија е клучот за забрзување на евроатланските интеграции на земјата – оценува Советот ...

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија, го поздрави договорот кој го постигнаа четворицата политички лидери на 15-ти јули и кој стави крај на политичката криза во земјата, и повика да биде брзо спроведен во добра волја, вклучувајќи ги пред се итните реформски приоритети во областа на владеење на правото.
„На 15-ти септември треба да има специјален обвинител како што фиксиравме. Има доста работа. Треба да се почитуваат сите договорени рокови од договорот од Пржино. Комисијата е тука да помогне, но одговорноста е на Владата и на политичките партии“, изјави еврокомесарот Јоханес Хан.
„Процесот и транзициониот период до предвремените избори во април идната година преставува можност политичките партии добро да го искористат. Нотираме дека сите лидери на политичките партии да го почитуваат протоклот и со добра волја“, изјави министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак.
„Донсовме, а со тоа и ги запознавме нашите партнери во ЕУ, акциски план кој ги адресира препораките и кој е предмет на консултација и координација, за чие исполнување заеднички ќе се погрижиме преку пристапниот дијалог на високо ниво, почнувајќи во септември. Покрај делот на реформите дискутиравме и за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, договорените конкретни мерки за практична соработка со Грција, како и напредокот во комуникацијата со Република Бугарија, одат во насока на зајакнување на довербата“, нагласи министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
На Советот било потенцирана потребата за брза примена на договорот. Комесарот Хан очекува да се спроведат препораките од извештајот на Прибе, а сето тоа ќе се разгледува повторно на 18-ти септември, во текот на Високиот политички дијалог меѓу Комисијата и Македонија. Во октомври, следува редовната годишна оценка за напредок на државата и предлог за препорака на земјата за одпочнување на преговори со Унијата.
„Важно е да се разбере дека договорот не е сеуште гаранција за добар извештај, но важно е што во последен момент земјата ја задржа вратата отворена на евроатланската перспектива“, потенцира еврокомесарот Хан.
„Неколку пати беше повторено дека ставот на Советот е доколку се спореведе се како што е договорено, на крајот на патот, Македонија и гражаните на Македонија ќе видат напредување кон евроатланските интеграции“, изјави хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ.
Советот за стабилизација и асоцијација бележи и позитивен раст на економијата во земјата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
