Пожарот кај Велес целосно изгаснат

21.07.2015 10:48

Опожарена е површина од 250 хектари. Од нив, 50 хектари се борова шума, додека преостанатите 200 се нискостеблеста деградирана шума...

Целосно е изгаснат големиот пожар кај Велес. Информацијата  ја потврдија доцна синоќа од територијалната противпожарна единица.

Опожарена е површина од 250 хектари. Од нив, 50 хектари се борова шума, додека преостанатите 200 се нискостеблеста деградирана шума.

Нема потврда или демант за опожарени површини под лозје и тутун. Во текот на  денешниот ден се очекуваат повеќе информации како настанал пожарот.