Министерот Изаири на состанок во Луксембург

21.07.2015 11:33

Ќе учествува на неформален министерски состанок на министрите за животна средина на ЕУ што, во рамките на Луксембуршкото претседателство со Советот на ЕУ, ќе се одржи утре и задутре, во Луксембург...

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на покана на министерот за животна средина на Луксембург, Карол Дишбург, ќе учествува на неформален министерски состанок на министрите за животна средина на ЕУ што, во рамките на Луксембуршкото претседателство со Советот на ЕУ, ќе се одржи утре и задутре, во Луксембург.
 
На состанокот поканети се министрите за животна средина од земјите членки на Европската агенција за животна средина и Европската асоцијација за слободна трговија, министрите од државите кандидати за членки на ЕУ, комесарите Мигел Ариес Канете и Кармену Вела, како и претседателот на Европскиот парламентарен комитет за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната, Џовани Ла Виа, претставници од Европското биро за животна средина и други меѓународни институции.