Протести во Истанбул по вчерашниот напад во Суруч
21.07.2015 11:55
Полицијата се судри со демонстрантите кои ја обвинија владата за нападите...

Протести во Истанбул по вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на 18-годишна девојка, во градот Суруч во кој загинаа 30- тина лица, а стотина беа повредени. Полицијата се судри со демонстрантите кои ја обвинија владата за нападите.
Полицијата со солзевц и водни топови ги растерувала демонстрантите. Премиерот Даватоглу вети дека ќе ја зголеми безбедноста на границата со Сирија.
