Капење во Црн Дрим само во присуство на спасувачи
Осум наши спасители и двајца тренери ќе имаат можност да ги пренесат своите знаења на своите колеги во другите средини во Македонија после успешната обука за спасители на брзи води која се одржа на реката Црн Дрим во Струга. Оваа река е брза река и поради тоа претставува опасност за туристите од другите градови кои незнаат да пливаат. Стружани велат дека во најголем случај давеници се лица кои не се од Струга или Охрид...

Со обуката на спасители за брзи води за прв пат во Македонија од Црвениот Крст во Охрид ќе имаат соодветен тим за оваа намена кој ќе може да делува во целата држава.
„По буката за спасување и извлекување на давеници од брзи води, новите тренери кои се единствени во Македонија, се подготвени да одговорат на предизвикот со цел да се зголеми безбедноста на брзи реки кои и тоа како знаат да бидат опасни“, изјави Крис Мек Греди-операција Флоријан, инструктор за спасување на брзи води.
Што се однесува до организираните манифестации на води, спасителите ќе бидат присутни на самите места но доколку станува збор за давење во реката Црн Дрим тогаш тоа би претставувало проблем доколку градот Струга нема во своја непосредна близина вакви лица.
„За да има интервенции во такви брзи води мора да има присутни, луѓе спасители не може во таков случај да се повикуваат спасителите од Охрид за интервенција на давеник кој што се дави во реката Црн Дрим или во било која река“, изјави Сашо Точко, Црвен крст-Охрид.
За стружани кои практично се родени на оваа река тоа не претставува проблем но апелираат до туристите и посетителите да внимаваат за кое постои и информативна табла која треба да се почитува.
Реката Црн Дрим секоја година со себе носи човечки живот но претежно тоа се лица од други градови кои недоволно знаат да пливаат или неможат да се справат со брзата вода. Ризикот е поголем кога протокот на водата се пушта во поголема брзина поради потребите на хидроцентралата во Струга за производство на електрична енергија. Тогаш оваа река станува уште побрза.
Јованчо Наумоски
