Посебен режим на сообраќај поради натпреварот Вардар - Апоел

21.07.2015 13:34

Од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосницата на улиците „Аминта Трета“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ до стадионот...

Поради големиот интерес за фудбалскиот натпревар од квалификацијата на за Лига на шампиони меѓу Вардар и Апоел кој ќе се одигра вечерва на националната арена „Филип Втори“, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосницата на улиците „Аминта Трета“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ до стадионот.