Директорот на „Тошиба“ поднесе оставка

21.07.2015 13:43

Според сознанијата, тој правел малверзации во нереално прикажување на постигнувањата во изминатите шест години...

Извршниот директор и претседател на јапонската компанија „Тошиба“, Хисао Танака  поднесе оставка откако беше откриена неговата вмешаност во книговодствен скандал. Според сознанијата, тој правел малверзации во нереално прикажување на постигнувањата во изминатите шест години.

Независната компанија која била ангажирана од „Тошиба“ констатирала дека профитот бил за 1,22 милијарди поголем од реалната состојба, односно прикажаниот профит бил за три пати поголем од реалниот.