Трансформиран работниот однос на 8 илјади работници во образованието
На овој начин, како што посочи заменик министерот за образование Спиро Ристовски, се обезбедува економска сигурност, гаранција и мотив за работа на сите луѓе кои добија решенија за трајно вработување...

Во изминатите шест години трансформиран работниот однос на осум илјади работници во образованието. Само годинава 887 кои беа волонтери или со договори на дело, добија решенија за работа.
На овој начин, како што посочи заменик министерот за образование Спиро Ристовски, се обезбедува економска сигурност, гаранција и мотив за работа на сите луѓе кои добија решенија за трајно вработување во рамки на образовниот систем.
Заменик-министерот Ристовски и градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски денеска го посетија основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населеното место Миладиновци, каде се одвиваат градежни активности.
