Нова градинка во населбата Радишани
Приоритет на Министерството за труд и социјална политика, според министерот Диме Спасов, и понатаму ќе биде отворање на нови детски градинки во сите општини на Македонија...

Ќе се градат четири нови градинки во Скопје. Се зголемува капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст. Почна изградбата на новиот објект во населбата Радишани. За шест месеци ќе биде и целосно опремена.
Приоритет на Министерството за труд и социјална политика, според министерот Диме Спасов, и понатаму ќе биде отворање на нови детски градинки во сите општини на Македонија.
Според градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, со изградба на новиот објект во населбата Радишани ќе биде решен проблемот, односно, како што рече, потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во градинките од населбата.
