Кривична пријава за раководителот на катастарот во Кавадарци
Се сомничи дека со противправни дејствија, на „КОДИНГ“ ДООЕЛ Скопје му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување...

Кривични пријави заработи раководител во Агенцијата за за катастар на недвижности – Кавадарци. Се сомничи дека со противправни дејствија, на „КОДИНГ“ ДООЕЛ Скопје му овозможил да се стекне со противправна имотна корист, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување.
Кривична за поттикнување заработил сопственикот на „КОДИНГ“. Делото според истрагата го сторил со тоа што се стекнал со противправна имотна корист- сопственост врз земјиште во површина од околу 4 илјади м2 - (дотогаш сопственост на РМ), легализација на бесправно изградени објекти кои се простираат на спорното земјиште и обезбедување на кредити во корист на „КОДИНГ“, како и други претпоставени права на располагање кои можел да ги ползува како сопственик на земјиштето.
