Пензионери: Шах, табла и карти на +40
Македонија и денеска живее на 40 тина степени. Да се почитуваат препораките за заштита од горештините – апелираат докторите. За дружба и муабет, високите температури не не плашат – вака велат пензионерите кои камерата на МТВ ги улови во клубовите...

Дружба и на 40 степени. Шах, табла, чаша вода или ладен сок. И на постари години за муабет и смеа жешкото време не е ризик-фактор – се шегуваат пензионерите. Горештините не ги плашат. Рано наутро доаѓаат, напладне си одат. Велат- само вака времето брзо минува.
Жените со кафе в рака во ладовина дебатираа што ќе зготват денеска.
Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности – посебно да внимаваат постарите и хронично болните – препорачуваат лекарите.
Македонија од вчера е зафатена од портокалова алертна фаза, сепак метеоролозите најавуваат пониски температури веќе од утре. Останува да се почитуваат препораките од лекарите.
Александра Перевска
