Реконструкција на училиштата во Општина Илинден

21.07.2015 15:32

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ од први септевмври првачињата ќе учат во нови простории...

Летово интензивно се работи на обнова на училишните објекти низ Градот Скопје. Градежни активности се одвиваат и во Општината Илинден. Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ од први септевмври првачињата ќе учат во нови простории.

Има нови училници, помошни простории и тоалети. Сега се работи на замена на покривот. Целата инвестиција е вредна 11 милиони денари. Се подобруваат условите за настава и во останатите училишта во Општината Илинден.

Покрај инвестициите во инфраструктурата, се решава и проблемот со невработеноста кај просветните работници. Заменик- министерот Спиро Ристовски кој беше во посета на Илинден рече дека досега се реализирале 8.000 трансформации на работниот однос во образованието.

Согласно измената на Законот за работни односи во 2009-та година, трансформација на работен однос од определено на неопределено време започна да се врши на лица кои работат најмалку 5 години, а потоа тој услов се намали на 2 години стаж.

Викторија Милевска