Голем интерес за вработување во МВР, досега аплицирале 1.350 лица
21.07.2015 15:39
Од МВР очекуваат оваа бројка до крајниот рок, да се зголеми...

Голем интересот за вработување во МВР. Од распишувањето на конкурсот, досега аплицирале 1.350 заинтересирани. За полицајци 1.147, а 203-ца за службеници во Министерството - позициите за високо образование.
Од МВР очекуваат оваа бројка до крајниот рок, да се зголеми. Во оглас се бараат 600 полицајци и 52–ца службеници во министерството.
Огласот трае до 27-ми месецов.
