Човечки фактор- причина за пожарот кај Велес?!

21.07.2015 16:04

Педесет хектари зимзелена шума и голема површина со сува трева изгоре во големиот пожар во околината на Велес – покажуваат првичните проценки. Надлежните се сомневаат дека причина за пожарот е човечки фактор...

Човечки факрор најверојатно е причина за настанување на големиот пожар кај Велес. Од Територијалната противпожарна единица велат дека доказите ги потврдуваат сомневањата. Кој и зошто го сторил ова недело кон природата, Липидовски вели дека надлежните служби истражуваат. Цели шест часа траело гаснењето на пожарот. Нималку не им било лесно на пожарникарите и вработените во ШС „Бабуна“.

Имаше големи пламени јазици, од кадешто и далеководите беа во дофат, имаше и екслопозии така што мораше да внимаваме на безбедноста на луѓето“, изјави Љупчо Липидовски, командир на ППЕ Велес.

Недостапниот терен и силниот ветар се причина надлежните да не успеат да ја спасат боровата шума околу Челошово.

„Се работи за 250 хектари отприлика, значи неофицијално е ова што го кажувам, од кои 50 хектари се борова шума, чемпреси и багреми останатото се сува трева, грмушки, трње што како штета не го рачунаме тоа“, додава командирот Липидовски.

Како резултат на топлото време се зголемува опасноста од појава на пожари на отворено. Надлежните апелираат за поголема внимателниост при престој во природа.

 

Дијана Иванова