Европски фондови за пругата Битола-Кременица
Европската Комисија одобри почнување на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица , граница со Република Грција, проект кој ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија Со тоа почнува постапката за избор на компанија која ќе ги изведува градежните работи. Ова било договорено на денешната средба меѓу министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески и Комесарот, задолжен за регионални политики во Европската Комисија, Јоханес Хан.

Европската Комисија одобри почнување на проектот за реконструкција на железничката делница од Битола до Кременица , граница со Република Грција, проект кој ќе се финансира од претпристапните фондови на Европската Унија Со тоа почнува постапката за избор на компанија која ќе ги изведува градежните работи. Ова било договорено на денешната средба меѓу министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески и Комесарот, задолжен за регионални политики во Европската Комисија, Јоханес Хан. На средбата, која се одржа во Европската Комисија во Брисел беа претставени тековните инфраструктурни проекти и активности на Владата во делот на транспортот кои се финансирани со средства од европските фондови, како и идните планови за развој на европските транспортни коридори на територијата на Република Македонија. Со реконструкција на делницата Битола-Кременица ќе се овозможи продолжување на кракот 10-Д, од Велес до Битола, до пристаништето во Солун.
