Исплатена зголемената финансиска помош за социјално – ранливите категори
На сметките на 35 илјади луѓе легнаа парите од социјалната и постојаната парична помош. Добија за 10 проценти повеќе средства. Исплатен е и за 25 отсто повисокиот надомест за згрижувачите на деца без родители...

Штитениците на дневниот центар за церебрална парализа во Скопје се во групата социјално ранливите категории кои од в година ќе добиваат зголемена парична помош од државата. Околу 35.000 корисници на социјален и постојан надомест пред дестина дена го добија заголемувањето за 10 проценти. Зголемена социјална помош за 25 проценти добија и семејствата кои згрижуваат деца без родители.
„Нашето ветување кон примателите на социјална помош, кон семејствата што згрижуваат деца без родители и родителска грижа е исполнето. Вчера е извршена исплатата на зголемениот надоместок за 25% за семејствата што згрижуваат деца без родители. Претходно тој изнесуваше од 6 до 8 илјади денари месечно, а сега ќе изнесува од 8 до 10 илјади денари месечно“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според Министерот за труд и социјала ова се проекти кои ја подобруваат социјалната сигурност и влијаат на намалување на социјалната исклученост на ранливите категории.
„Во текот на денешниот ден правиме дополнителен напор, односно ја исплаќаме зголемената парична помош за материјално необезбедените работнонеспособни граѓани, исто така го исплаќаме и зголемувањето од 25% на додатокот за згрижувачки семејства“, нагласи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Неколку години наназад социјалната компонента е силно изразена во државниот буџет. За поддршка на најзагрозените до сега поевтинија лековите,беше обезбедено бесплатно здравство за лица без приходи и за пензионерите.
Дијана Ценевска
