Бремените и хронично болните над 60 години до вторник ослободени од работни обврски
За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна...

И денеска висока температура до 38-миот степен во Македонија. Иако попладне се очекува доумерена облачност со слаб ветер од северозападен правец, од Министерството за здравство препорака за ослободување од работни обврски на бремените жени и на хронично болните над 60 години, од денес до вторник, 28-ми јуни. Работодавачите да ги реорганизираат активностите на градежните работници, да се избегнува работа на отворено од 12 до 17 часот.
Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.
За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
