Пожарите во Хрватска и во БиХ ставени под контрола
22.07.2015 10:51
Огнот проголта 500 хектари шума и земјиште и беше видлив на сателитските снимки...

Цела ноќ над сто пожарникари се бореа со пожарите на Корчула и на Пељешац, но уште гори на повеќе локации. Зафатен е непристапен терен, се чека доаѓање на авионите за гаснење.
Огнот проголта 500 хектари шума и земјиште и беше видлив на сателитските снимки. Поради оштетени далноводи, без струја се делови од Трстеник и Пијавичино.
Во Босна и Херцеговина пожарите се ставени под контрола откако во гаснењето се вклучи и војската со хеликоптери. Гори уште на неколку непристапни места, но куќите не се во опасност.
