Јавен повик за ИПАРД кон крајот на јули

22.07.2015 11:01

Повикот ќе трае најмалку 45 дена, а ќе се однесува на инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба за постигнување на евгропските стандарди...

Кон крајот на месецов ќе биде објавен уште еден јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програма за периодот 2007-2013 година.

Повикот ќе трае најмалку 45 дена, а ќе се однесува на инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба за постигнување на евгропските стандарди, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Претстојниот јавен повик ќе ги зголеми можностите по однос на типот инвестиции, обемот на потенцијалните корисници, набавката на различна земјоделска механизација вклучувајќи и трактори, како и финансиските лимити за крајните корисници на финансиската поддршка, информира Платежната агенција.