Тодоров: Денеска веројатно средба на работната група за политичкиот договор

22.07.2015 13:40

Попладне во најава нов обид за почеток на спроведување на договорот од 15- ти јули. Закажан е состанок на работните групи...

Членовите на работната група за политичкиот договор за надминување на кризата веројатно денеска ќе одржат состанок. Ова денеска го најави министерот за здравство и член на работната група од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Конечно ќе се состане работната група. По пет шест недоаѓања на СДСМ веројатно дека денеска ќе се состане работната група, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за набавка на нова опрема за Градската општа болница „8 Септември“.