ГОБ „8 Септември“ ќе добие нова медицинска опрема

22.07.2015 14:22

Медицинска опрема е во вредност од два милиони евра. Новата апаратура ќе се подигне квалитетот на здравствени услуги...

За шест месеци најсовремерна опрема ќе има на одделот за кардиологија, ОРЛ, патологија, трансфузиологија, пулмологија во Градската општа болница „8-ми Септември“.

„Огромен е бројот на лекари кои поминаат едукација во земјата и во странство. Со набавка на новата и најсовремена опрема уште повеќе ќе се подигне нивото на квалитет на здравствени услуги, ќе се забрзаат здравствените услуги, а со тоа очекуваме дополнително да се подобри оценката на пациентите за услугите кои се даваат во таа болница, која е еден од стожерите на македонскиот здравствен систем“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Медицинска опрема е во вредност од два милиони евра. Новата апаратура ќе се подигне квалитетот на здравствени услуги во оваа болница.