Ново повеќенаменско спортско игралиште во Општина Аеродром
Игралиштето кое ќе биде изградено во дворот на училиштето „Димитар Македонски“, ќе биде со димензии 45 на 28 метри и ќе може да се користи за играње мал фудбал, серва, кошарка, ракомет, тенис и други игри...

Населбата Лисиче во Општина Аеродром ќе добие ново повеќенаменско спортско игралиште. Градоначалникот Ивица Коневски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска го означија официјалниот почеток на изградба.
Игралиштето кое ќе биде изградено во дворот на училиштето „Димитар Македонски“, ќе биде со димензии 45 на 28 метри и ќе може да се користи за играње мал фудбал, серва, кошарка, ракомет, тенис и други игри.
Игралиштето ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветлено со рефлектори и верувам ќе претставува одлична поддршка за сите спортисти и сите граѓани на општината Аеродром, изјави Спасески.
Ова е дел од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ како инвестиција на Владата на Република Македонија, а исто така и Општина Аеродром до сега има изградено повеќе од 20 вакви повеќенаменски спортски игралишта.
