Жештините не стивнуваат, граѓаните да ги почитуваат препораките

22.07.2015 14:44

Горештините не попуштаат. Живата на термометарот во 10 часот, покажуваше 35 степени. Метеоролозите од денеска најавија за два до три степени пониски температури и доумерена облачност во поладневните часови, но граѓаните сеуште се борат со високиот УВ индекс и со последиците од сонцето...

Горештините не попуштаат. Граѓаните се уште се борат со високиот УВ индекс и последиците од жешкото сонце. Живата на термометарот во 11 часот наутро покажува 34 степени на Железничката станица во Скопје. Сепак граѓаните се возат со јавниот превоз- обрските мора да бидат завршени.

И покрај најавите за два до три степени пониска температура, асфалтот гори. Во автобусите  ги сретнавме само граѓаните кои мора да ги завршат обврските во овој дел од денот.  

„Време е за работа, мораме... Ги почитуваме препораките на лекарите, но многу е топло... Многу тешко, пекол, мислам дека гори земјата“, велат граѓаните кои ги анкетриавме.

И кога пеколните горештини не се поднесуваат, спас се бара во и покрај вода. Аква парковите се едни од местата  за разладување во македонската метропола.

„Ние сме тука за посетителите, нашата цел е да бидат безбедни, да уживаат во убавините на Аква паркот. Оваа сезона е една од најдобрите, имаме рекордна посетеност“, вели Ташко Поповски, координатор на спасителите.

Метеоролозите најавија дожд  во охридскиот, ресенскиот и во малешевскиот регион. Но, препораките да се избегнува директна сончева изложеност, престој на отворено од 11 до 17 часот остануваат до вторник.

 

Александра Перевска