Реконструиран регионалниот пат Маврово- Маврови Анови

22.07.2015 15:12

Ги нема повеќе дупките и одроните на регионалниот пат Маврово- Маврови Анови. Компетно е реконструиран и пуштен во употреба. Инвестиција од 1,2 милиони евра. Наскоро се очекува да заврши и изградбата на пешачката патека околу Мавровското Езеро...

Пуштен во употреба реконструираниот патен правец Маврово– Маврови Анови. Реконструкцијата чини 1,2 милиони евра. Се подобрува патната инфраструктура во овој регион. Ќе почне и реконструкцијата на регионалниот пат Маврово– Дебар. При крај е и изградбата на пешачката патека околу Мавровското Езеро во должина од 2,7 километри.

„Веќе е реконструиран патниот правец Маврово- Маврови Анови. Станува збор за целосна реконструкција и целосно осветлување на овој пат, исто така ветен во програмата на Владата на Република Македонија. Инвестиција вредна 1,2 милиони евра. На овој потег се наоѓаше и едно свлечиште што често пати правеше проблеми на самиот сообраќај, и тоа е  целосно реконструирано и санирано“, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Седум километри патна инфрструктура е завршена, подобрен е пристапот до ова туристичко место, атрактивно и во лето и во зима. Се инвестира и во нови локални патишта.

„Оваа година веќе се работи на патот за Скудриње, кој е во должина на околу 3,6 километри, и инвестициона вредност од околу 40 милиони денари“, изјави директорот на ЈП за Државни патишта, Александар Стојанов.

Бројот на туристи во Маврово се зголемува, доаѓаат и странски и домашни.

„Во последниве години имаме зголемена посета на туристи, како домашни, така и странски. Тоа се гледа и во летниот период се повеќе, со оглед на фактот што заедно со хотелските и туристичките работници, како и Националниот парк организираме повеќе настани“, вели градоначалникот на општина Маврово- Ростуше, Мукрем Мехмеди.

Со 20 милиони евра идната година ќе се гради и делницата Гарски мост– Извор, најавија надлежните.

 

Дијана Ценевска