Македонија со најдобра аеродромска инфраструктура во регионот

22.07.2015 17:08

По инвестицијата на турски ТАВ, според Светскиот економски форум, Македонија има најдобра аеродромска инфраструктура од сите земји во поранешна Југославија. Бројот на патници значително се зголеми, за двојно повеќе во однос на периодот пред изгредбата на аеродромите...

Македонија има најдобра аеродромска инфраструктура од земјите во поранешна Југославија – оцени Светскиот економски форум. Во најновиот извештај за конкурентоста на туризмот ја рангира државата на 59- тото место меѓу 144 држави. Словенија е 8 позиции зад нас, Хрватска 17. Нашиот северен сосед на 111- тата позиција, Босна и Косово ги нема на листата.

Субвенциите за евтините авиолинии и финансиската подршка на туроператорите двојно го зголемија бројот на патници споредбено со 2009- тата, пред инвестициите на ТАВ на македоднските аеродроми. За шест месеци годинава повеке од 630 илјади  патици на „Александар Велики“ и „Свети Апостол Павле“.

„Потврдува дека развојот на туризмот и приказната за туристичката понуда на Република Македонија оди во добра насока. Овозможувањето од страна на Владата со мерките да се субвенционираат туроператорите кои ќе донесат туристи во Република Македонија со евтини билети, овозможува да се привлечат исто така голем број на туристи“, рече вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.  

Евтините авиобилети направија експанзија. За пет години раст на авиосообраќајот за 75 насто.

„Оваа сезона исто така е успешна, имаме зголемување и во бројот на операции на авионите за 6,4% во однос на минатата година“, вели извршниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Аеродромите се првата и последна слика на секој што доаѓа или заминува од државата. Некогаш рак- рана, сега атрактивни за авиобизнис, концекција до 33 европски дестинации. Скопскиот „Александар Велики“ последните две години беше прогласен и за најдобар мал аеродром во Европа.

 

Сузана Фиданска- Стоевска