Нова страница за иднината на Србија и БиХ

22.07.2015 17:40

Големо помирување. Србија и БиХ за нова иднина- констатирано на денешната средба во Белград на Александар Вучиќ со трочленото преседателство на БиХ..

Помирувањето и иднината во фокусот на денешната посета на преседателството на БиХ во Белград, на покана на премиерот Александар Вучиќ. Тој по средбата оцени дека е отворена нова страница на заедничката иднина.

„Ја почитуваме Босна и Херцеговина и сакаме да имаме најдобри односи. Не мора  секогаш во се  да се согласуваме, но за се ке разговараме и  искрено, суштински и отворено ќе работиме да ги подобриме работите заради иднината“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според претседателот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ не треба да се посветува внимание на заговорниците на лошите односи, туку на иднината.

„Минатото треба да им се остави на историчарите. Ние мораме да направиме еден нов исчекор во помирувањето и во добрососедски односи, бидејќи друг пат не постои“, нагласи Човиќ.

За помирувањето говореше и бошњачкиот член на претседатеството, Бакир Изетбеговиќ, кој констатираше дека за развојот на регионот е потребна стабилност-којa е невозможна без процесот на помирување.

„Со господинот Вучиќ пред еден месец  во Сараево се договоривме да направиме се  злото да не се повтори и да не се случуваат тензии“, рече Изетбеговиќ.

На барање на Изетбеговиќ, тој со делегацијата се прошета низ центарот на Белград, со цел да се види дека народите сакаат помирување.

И по 20 години од крвавата војна во екс-Југославија, процесот на помирување продолжува. За тоа говори и овој настан денес кој се одржува 10 дена од инцидентот во Поточари.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ