Почнува расправата по ребалансот на Буџетот

23.07.2015 10:50

Целта е да се обезбеди засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност, а причина се вишокот средства од над 10 милијарди денари во првите шест месеци од годинава...

Во Собранието денеска почнува расправата по предложениот ребаланс на буџетот за годинава, што владата го усвои во петокот. Целта е да се обезбеди засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност, а причина се вишокот средства од над 10 милијарди денари во првите шест месеци од годинава.

БДП-то за 2015 година е ревидирано на 3,5 процентен раст, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 3,6 проценти од БДП. Се издвојуваат дополнителни 1,2 милијарди денари за повеќе проекти - забрзување на изградбата на гасоводот Клечовце – Штип, изградба на водоводи и канализации, училишта и спортски сали и за реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Предвидени се средства за зголемување на студентските стипендии, социјалната помош и за најавеното зголемување на пензиите во октомври.