Потпретседателот на Парламентот на Нов Јужен Велс во посета на Македонија
23.07.2015 10:53
Во Собранието, ќе оствари средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Законодавниот дом, и претседател на Комисијата за надворешна политика...

Потпретседателот на парламентот на Нов Јужен Велс, Федерик Џон Најл, е во посета на земјава. Во Собранието, ќе оствари средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Законодавниот дом, и претседател на Комисијата за надворешна политика.
Заменикот спикер на Нов Јужен Велс ќе се сретне и со шефот на пратеничката група на Собранието за соработка со австралискиот парламент, Илија Димовски.
