Топлотниот бран продолжува, освежување дури наредниот викенд
23.07.2015 10:57
Освежувањето наредната недела прво ќе се почуствува во Италија, потоа Хрватска и Босна и Херцеговина, а потоа пристига и во земјава...

Регионот сеуште под пеколните африкански температури. Кон крајот на неделава може да се очекува благ пад на температурите, а забележително освежување ни пристига дури наредниот викенд.
Тогаш се очекуваат и дождови и врнежи кои дополнително ќе го освежат воздухот. Освежувањето наредната недела прво ќе се почуствува во Италија, потоа Хрватска и Босна и Херцеговина, а потоа пристига и во земјава.
Бранот на екстремно високи горештини ќе продолжи да го пржи балканскиот регион и во наредните денови. Најкритичните земји кои се наоѓаат на удар на топлотниот бран се Италија, и земјите од Балканот.
